Близок роднина на познат уредник „се офајдил“ од бизнисот со осветлување во Центар

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, и во кампањата ни и деновиве е цел на жестоки напади и обвинувања од познат уредник на телевизија со национална концесија.

Во неделното интервју за Радио Слободна Европа Жерновски, на прашањето како реагира на нападите во провладините медиуми и црната пропаганда што му се правеше до изборот и по него, рече дека има интересни работи, односно дека некои новинари имале бизниси кои ги развиле во времето на Тодоровиќ и дека кога ќе се направи ревизија од меѓународна ревизорска куќа јавноста ќе дознае сè за финансиите во општината, бизнисите во неа и особено за проектот Скопје – 2014.

А1он дознава дека член на потесното семејство на уредникот го имал речеиси комплетниот бизнис со осветлувањето во Центар, и дека добивајќи повеќе од 90 проценти од тендерите, фирмата инкасирала повеќе од солидна сума на пари од општината.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски