ВИДЕО: Близнаците го изненадија Шилегов, сепак и двете бебиња добија плишани мечиња

Од:

Анастасија и Габриел се близнаците кои се родија први во 2020 година, на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Тие се предвремено родени бебиња, кои на свет дојдоа со помош на ин витро оплодување по шестгодишна борба со стерилитет.
Анастасија е родена со 2 килограми и 360 грама, а Габриел со 1 кг. и 760гр.

Директорката на ГАК Викторија Јовановска, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и заменик министерот за здравство Арменд Арслани утрово ја посетија мајката Снежана Рунтева и бебињата.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов им донесе плишани мечиња и вообичаениот паричен подарок.

Шилегов се пошегува дека не очекувал близначиња, но сепак вработените во Град Скопје успеале да обезбедат слични подароци и за двете бебиња.

Заменик министерот за здравство изјави дека на ГАК, во одделот за неонатологија обезбедена е најсовремена апаратура од последната генерација.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on