Блискоста на СДС со судиите се гледа и во примерот со судијката Даниела Алексовска Стојановска, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДС го партизираше правосудниот систем во Македонија. СДС во Струмица ги бираше судиите кои после изборот, наместо по закон, судеа по партиска директива и тоа секој ден, се повеќе излегува на површина. Блискоста на СДС со судиите се гледа и во примерот со судијката Даниела Алексовска Стојановска, која им отстапила дел од својот дом за партиски општински штаб, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Се поставува прашањето дали со ваквиот гест, судијката Даниела Алексовска ја финансирала СДС, или пак додека СДС биле на власт ја поткупувале, односно ја подмитувале, нејзе со кирија? За ова одговори треба да дадат судијката Даниела Алексовска Стојановска, како и претседателот на СДС, Венко Филипче кои треба да кажат како е уреден односот за користење на просторот од страна на СДС во куќата на судијката во Ранковце.

Треба да се даде одговор дали СДС плаќала кирија за закуп на дел од семејната куќа на судијката и ако плаќала, колку таа изнесувала? Исто така, треба да се одговори дали СДС киријата ја плаќале на сметка или на рака, во готово? Или пак, доколку СДС не плаќале кирија за изнајмување на просторот, истите треба да одговорат дали пријавиле донација од страна на судијката, во форма на отстапување на користење на деловен простор без паричен надоместок? Ова е сериозно прашање кое ја поткопува независноста на судството и ја покажува страната на тесната испреплетеност на судиите со политиката и за тоа што поскоро треба да се изјаснат и да дадат одговори СДС и судијката Алексовска Стојановска. Од друга страна пак, Судски совет веќе треба да почне да работи и да донесе одлука со која ќе ја разреши истоимената судијката, која полнолетен нарко дилер испратила во поправен дом, наместо да го испрати директно во затвор. Аргументите се многубројни и на очиглед на целата македонска јавност и Судски Совет веќе не може да се прави дека не ги гледа. Која и да било ситуација да е точна од овие поставени дилеми, сериозно ја поткопува работата и независноста и само поради тоа Даниела Алексовска Стојановска повеќе не смее да биде судијка. Народот очекува и веќе одговорност во Македонија мора да има, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он