Блиските луѓе на градоначалникот на Крива Паланка се над законот ?

Од:

Во редакцијата на А1он пристигна реакција од дел од жителите  на Крива Паланка.

„Со самото доаѓање на зимата и паѓањето на првиот снег, во Крива Паланка се повторија ланските проблеми кои ги почуствуваа многу кривопаланчани а како последица од неможноста на градоначалникот да се справи со чистење на замрзнатите улици. Скептичноста на граѓаните на Крива Паланка дека и оваа година нема да биде ништо поразлична туку и полоша од минатата во однос на чистењето на снегот е како последица од самиот избор на фирмата која го доби тендерот а тоа е Мијоли ДООЕЛ“, се жалат граѓаните.

Повеќето граѓани кои А1 он  ги контактираше велат, самото име на фирмата кажува се, Крива Паланка е мал град и тука се се знае, сите знаеме, велат,  зошто оваа фирма го доби тендерот за зимско оддржување на улиците во градот и пред самиот крај на мандатот на сегашниот градоначалник истата фирма покрај другите дејности и добиени тендери од овој градоначалник, решила да се занимава и со овој бизнис, потенцираат кривопаланчани.

Но она што ги загрижува граѓаните на оваа општина е тоа што според нивни тврдења зимското оддржување на улиците во Крива Паланка во моментот се врши со нерегистрирани возила за кои сите знаат а полицијата не презема ништо, па истите прашуваат ако може за обичните граѓани секојдневно да летаат најригорозни казни во сообраќајот, зошто тогаш некои бизнисмени блиски до власта и градоначалникот се недопирливи, односно се над законот?

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски