Блиска средба на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Прилеп

Од:

Не случајно, туку по задача, некои од прилепските вмро-вци ги запоседнаа кафичите веднаш до местото каде што пред неколку дена беше најавено дека СДСМ ќе одржат средба со граѓаните и прес конференција, а некои и се замешаа со нив.

На исто место, беа поставени и фотографиите од Куманово, на кои стои дека се споменици од времето на владеење на Бранко Црвенковски и на СДСМ. Тоа се фотографии од Прилепскиот комбинат и други пропаднати фирми.

Центарот на градот е целиот во сино-црвена боја. Од синоќа градот беше облепен а денеска и беа делени летоци, со потсмешлива содржина за кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Хари Локвенец.

Половина е неговото лице а половина на поранешниот Сашо Пирганоски и пишува „Новото лице на СДСМ“.

Вечер во 20 и 30 СДСМ ќе одржи протестно-промотивен митинг. За пладневната атмосфера во центарот на Прилеп од видеото.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски