БЛИЦ: Рудникот за никел го труе Кавадарци

Од:

„Дали ова ја чека и Србија – рудникот за никел труе цел крај во Македонија“, е насловот на веста на српскиот весник „Блиц“.

По прес – конференцијата на министерот за рударство на Србија, кој како пример за својот проект покажувал фотографии од рудникот за никел во Кавадарци, со кои сакал да докаже дека експлоатацијата на рудата не е опасна за животната средина, „Блиц“ контактирал експерти за да ги провери тврдењата на нивниот министер.

Причина за сомневањето биле црно-белите фотографии кои ги посочил министерот како доказ, а не фотографии во боја на кои се гледа црвенилото на земјата, загаденоста на водата, како и пресметките дека во грозјето, овошјето и зеленчукот е покачена присутноста на тешките метали.

„Министерот се извини што фотографиите не можел да ги испечати во боја, немал доволно време, а така не можеше да се вид што точно се случува околу рудникот во Македонија и неговата околина. Рудникот во Кавадарци е само практичен пример што било направено во Врњачка Бања, Топола, Мокра Гора…“, изјави еден од експертите за „Блиц“.

Блажо Боев, главен инженер од рудникот во Кавадарци тврдел дека тој крај се претворил во депонија. Единствениот сигурен начин на експлоатацијата на ваква руда, има во Канада, според зборовите Боев, но таму ја има во огромни количества и може да се стигне длабоко во земјата.

Кавадарци и рудникот во Косово – Глоговац се во сопственост на фирма од Јужна Африка. Рудата што не е далеку од Кавадарци се носи во топилницата во овој град, од Индонезија, Турција и Албанија, така што, изјавил Боев, Кавадарци се претвора во голема депонија.

„Единственото нешто што може да се направи е да се вградат филтри кои ќе ги намалат емисиите на тешки метали во животната средина. За жал, тоа никогаш не ни успеа во 30 години. Само прашање на време е кога тешките метали ќе започнат да доминираат во познатите тиквешки лозја, а ова вино ќе бидат контаминирана со многу тешки метали“, укажува инженерот.

Србите се загрижени поради плановите на министерот да го направи примерот од Кавадарци во нивната околина:

„Живееме во оваа област 250 години и сакаме нашите деца да живеат овде во иднина. Не би сакале рудникот за никел да ги уништи најубавите делови на Србија. Овиа област треба да остане убава, како што е дадена од Бога. Во Македонија, во близина на лозовите насади се експлоатира никел и областа изгледа прилично патетична. Моите колеги и жителите се молат тоа зло конечно да се затвори затоа што многу негативно влијае на животната средина“, вели Боже Александровиќ од Топола, сопственик на винаријата „Александровиќ“ кој не сака неговото лозје да изгледа како тие во Македонија.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена

42-годишен кавадарчанец ја истепал сопругата, насилникот заработи кривична

Кавадарчанка ја тепала својата мајка

Горан Наумовски