„Блиц“: Единствените потенцијални сојузници на Русија на Балканот се Србија и Македонија

Од:

Единствените потенцијални сојузници на Русија на Балканот се Србија, претседателот на Република Српска и Република Македонија.

Ова го пишува српскиот весник „Блиц“, во текст во кој ја опишува посетата на српскиот премиер Александар Вучиќ на САД.

Весникот се повикува на ’дипломатски извори’, според кои, Стејт департментот смета дека Србија, Македонија, Косово и БиХ се наоѓаат на ’линијата на огнот’.

САД не бараат овие држави целосно да ги прекинат врските со Русија, но побарале Србија јасно да се дистанцира од руските намери за создавање на кризни жаришта на Балканот, со цел да го одвлече вниманието од случувањата во Украина.

Од Србија се бара да ја следи заедничката надворешна политика на ЕУ и да има јасна позиција во врска со конфликтот во Украина.

Властите во Вашингтон очекуваат Србија да соработува со своите соседи и да го ’приземји’ претседателот на РС Милорад Додик. Истовремено, САД многу јасно им посочиле на Албанија и Косово за неопходноста од соработка со Србија, а не конфронтирање.

„Блиц“ уште наведува дека САД сакаат да ја зајакнат воената соработка со Србија, но од земјата се очекува јасно да се определи за НАТО. САД сакаат Србија поактивно да се вклучи во меѓународната коалиција против тероризмот, а не само декларативно како досега.

Би можело да ве интересира

Дуров: Рускиот обид за блокирање на VPN-мрежите предизвика колапс на платниот систем

Ушаков: Ормутскиот теснец е отворен за Русија

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Зеленски: Русија бара Украина да се повлече од Донбас во рок од два месеци