Блерим Река повика да се излезе во недела на гласање

Од:

Во пресрет на вториот круг на гласањето за Председател, дозволете ми уште еднаш да ви се заблагодарам за вашите гласови за мојот концепт за “Една Република за сите, со законот над сите”: како члeнка на НАТО и ЕУ, повика Блерим Река, на својот Фејсбук профил.

“Близу 80,000 гласови, за само 3 недели во политиката и не се малку, oсобено дадени на председателски избори со досега најниска излезеност (42%) и највисок број на незажечки гласачки ливчиња (33,000!)

Почитувајќи ги вашите гласови, уште еднаш ќе повторам: тие се само ваши гласови. Тоа е ваше свето право и на вас е да одлучите за кого ќе гласате на вториот круг. Ќе го повторам истото што го реков на почетокот на мојата председателска кампања: јас, не сум трговец со вашите гласови и нема да ве убедувам за кого ќе гласате оваа недела. Трговијата со вашите гласови е спротивно со мојот концепт за Републиката, особено со нејзиниот главен столб владеење на правото. Зашто тогаш се потребни избори, ако како досега во вториот круг за вашите гласови одлучуваат партијските лидери како обични трговци со гласовите на народот?

Од моја страна, јас би ве замолил да на 5 мај, излезете масовно на гласање, за да го спасите Еуро-Атланскиот процес.”, смета Река.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија