Блерим Река – кандидат за претседател на албанската опозиција

Од:

Поранешниот амбасадор и универзитетски професор Блерим Река ќе биде заеднички кандидат за претседател на Алијанса за Албанците и на Беса на Билал Касам. Со ова дефинитивно албанската опозиција не даде поддршка за консензуален кандидат на СДСМ и ДУИ.

Река на „Фејсбук“ ја објави својата кандидатура.

„Има две причини за оваа одлука. Прва – само со кандидати Македонци, без ниту еден Албанец ова мултиетничко општество ризикува да се претвори во моноетничко општество, а Албанците да станат само гласачи, но не и оние за кои ќе се гласа. Втора – само интелектуалните критики, без политичко соочување, не се доволни за промена на состојбата. Тие на Фејсбук остануваат само виртуелни, додека животот е реален. И последно историјата ја испишуваат државниците, додека интелектуалните само пишуваат за историјата“, напиша Река.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар