(ВИДЕО) Блажески: Вие сте омразата ние сме љубовта, вие сте режимот ние слободата!

Од:

Прв вечерва на Граѓанскиот парламент се обрати Дејан Блажески од ЛДП. Тој побара да се завртат камерите за да  видат што е Охрид,  можеби, рече,  сликите ќе им помогнат во броењето.

„Веќе не е важно, дали уредникот на сите вести во нашата држава, Мартин Протуѓер, дозволил да се објави овој настан или не. Нашите вести се народот, нашите вести се поривот, нашите вести се младоста и храброста.Наша сценографија и иконографија ќе биде секој дом, секој човек, секоја судбина. Во снег и дожд, среќни или тажни, здрави или болни, млади или стари, сеедно, во борба за добра работа а не за добра шема, во борба за да не биде важно кого го познаваш туку што знаеш“, рече Блажески.

Младите охриѓани рече се  најневработена, најмолчелива генерација, исплашени, немоќни, спремни за компромис по секоја цена.

„Еден функцонер од ВМРО-ДПМНЕ, во својата колумна прашува кави се овие луѓе, кои се овие луѓе? Е ова се тие луѓе, вакви се тие луѓе. Меѓу другото прашува дали сме јавале на ветерници? Па почитуван, подобро ќе јаваме на ветерници отколку на тендери како некои од вашата коалиција. И што е уште поважно, вистина е дека има разлика меѓу нас, вие сте борци за мракот а ние борци за светлина, вие сте омразата ние сме љубовта, вие сте режимот ние слободата“, порача Блажески

Според Женевската конвенција Македонија, посочи  е на првото место со најмногу невработени млади луѓе До кога, праша,  магистрите во оваа земја ќе бидат келнери а докторите на наука шанкери?Дали е ова ветената земја, дали е ова онаа Македонија од рекламите, Македонија вечна?

Праша дали не е жално да младите да  чекаат,  да живеат  од Кладилница место од кариера?

Зарем не е поразително, праша,  едни стари господа кои влегле во седумдесетата деценија да имаат седупати поголема храброст и сила од младите?

„ Зарем не ви е преку глава од тоа да се плашете да го кажете сопственото мислење?Зарем не ви е преку глава од тоа партиските книшки да бидат замена за вашиот индекс? Зарем не ви е преку глава од смешните човечиња кои глумат мафијаши, од оние кои влегуваат со 100 километри на час во кривина, од обезбедувачите ,од рекетарите“, праша Блажески.

Ги охрабри сите дека никој нѐ може ништо да ни направи ако се заедно.

„Немој да дозволите да живеете во “знаме” држава, живејте во космосот, не бидете пуританци нити двојни моралисти, , бидете цврсти луѓе а не аморфна маса. Сите ние треба да се заложиме да ги пронајдаме скриените, да ги направиме тивките гласни, да им отстапиме место на поквалитетните од нас, да ги прифатиме “непослушните“.Најважно од сѐ е да не стоите на страна. Така само им олеснувате на непринципиелните. Ова е наше време, не е важно дали е добро или лошо, наше ѐ. Знамињата, лажниот патриотизам и национализмот, бронзата не можат да го платат лечењето на вашите родители, вашето образование, вашата прослава или нечиј погреб. И на крај, ајде сите заедно,без предрасуди, без суета, без оглед на тоа дали сте тажни или среќни, определени или непоределени, песимисти или оптимисти, ајде сите напред, во една голема историска, победничка, одлучувачка битка, битка за мирен покој на минатото,битка против тешката сегашност, битка за светла иднина“, рече Блажески.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград