Блажески: Криминалците имаат возила од 600.000 илјади евра и и` држат морални проповеди на Јанева

Од:

Помина околу две години од рочиштето за случајот „Лизгалиште“ во Основниот суд во Охрид.

Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески го тужеше советникот од опозицијата Дејан Блажески за клевета. Спасески во овој спор бараше отштета од 300.000 денари, за наводно изнесени клевети во врска со градското лизгалиште.

На распитот не беше прифатено спогодбено решавање на предметот.

Како што дознава А1ОН, судот пресудил во полза на секретарот на општина Охрид, односно Блажески треба да му исплати 20.000 илјади денари за нанесување на душевна болка на Спасески.

Потсетуваме дека Блажески на подготвителното рочиште се бранеше сам бидејќи адвокатот му откажал само неколку часа пред рочиштето, па после тоа мораше да ангажира адвокат од Скопје.

Имено, стануваше збор за спорниот проект „Лизгалиште“ за кој првенствено најавија дека го прави австриска фирма за на крај да се види дека тоа е договор на општината со една локална фирма.

Од презентираните докази може да се заклучи дека лизгалиштето не е гласано на ниту една седница од Советот како урбана опрема. Презентациите за лизгачки спортови се бесплатни, но за оваа активност на Охриѓани им се наплаќаат сметки за користење на тој простор. Ова е еден од ретките случаи кога советник одговара за поставено прашање од говорница.

А1ОН го контактираше Блажески кој изјави: „Разликата од вредноста која ја бараше тужителот до онаа која одлучил судот е огромна, што јасно кажува дека оваа „симболична” вредност во однос на бараната е со цел политички да се спаси угледот на Спасески. Повеќе пати имам кажано дека секоја казна од институциите на (не)системот ја доживувам како награда. Нема казна која би ме поколебала во намерите да се борам за интересот на граѓаните. Пресудата требаше да се донесе во рок од три недели, гледате дека поминаа околу две години. Јасна е целта, се обидуваа до крајот на мандатов да ме држат под притисок. Не прифаќам и ќе го обжалам ова колку и да ме чини, колку и да не верувам во овие институции. Вистината во оваа земја тешко се докажува, но зарем има друг начин освен принципиелноста. Политиката не е балет туку рагби, но со правила на игра. Пресуди донесени во штабот на ДПМНЕ не може да ме поколебаат. Доаѓа крајот на „нотес” судство. Се гледаме вечер пред собрание. Потоа секој ќе легне со својата совест на својата перница”.

Блажески, како што тврди заради своите критички настапи и претходно за имот кој не е на негово име, со катастарска вредност од 300 денари, плати казна во вредност од 30.000 илјади денари на барање на Комисијата за спречување на корупција.

„Во ова земја плаќаат чесните политичари и граѓаните. Криминалците, пак, имаа возила од 600.000 илјади евра и` држат морални проповеди на Јанева“, вели Блажески.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице