Блажески до Топузова: Ќе ги бојкотирам изборите, инаку би употребил” X” за оние од опозицијата кои му помагаат на Никола

Од:

Дејан Блажески упати порака до својата екс сопартијка, и сега веќе бивша пратеничка Роза Топузова Каревска. Вие не дојдовте од граѓанскиот сектор, од независна листа, за да уживате во комодитетот наречен уметност во самостојноста иако овде веројатно станува збор само за лични апетити, и пишува Блажески.

Еве што и напиша Блажески:

После четири мандати, после толкаво искуство, вчеравечер, Ве гледав повторно.Издржав, до крај, да ја изгледам дебатната емисија на телевизијата на Фамилијата.

Ех, драга Роза, после толку години ниту на заминување не се` покајавте.Си велев, еве и шанса,еве .Не Ве исклучиле од партијата, но исто така заборавивте дека не Ве кандидираа од Либерaлната интернационала на која се повикавте. Некоја баба од Могила, на пример, која Ве заокружила, заслужува почит.

Вие не дојдовте од граѓанскиот сектор, од независна листа, за да уживате во комодитетот наречен уметност во самостојноста иако овде веројатно станува збор само за лични апетити. Лош крај на еден од поистакнатите говорници во минатото.Во оваа земја, редно е да се воведе опција место неважечко, да има ставка пречкртано ливче…

Ќе ги бојкотирам изборите, инаку радо би употребил” X” за оние од опозицијата кои му помагаат на Никола.

Искрено, на нашата поранешна релација не ми се лесни овие реченици.Но, принцип е принцип, дури и кога станува збор за моето дете.

Пластично, бевме на еден детски роденден и беше прилично плачлива. И знаете кога ме прашаа како си поминавте, кажав дека Софија беше плачлива. Со една година и таа си носи некаква одговорност, некаква, ние како родители далеку поголема. Хиерархија на вредности и одговорност.А, не како родителите кои бараат милион причини кај другите, па дури и кај просторот, само за да го оправдаат однесувањето на своето дете…

Банални, приказни од животот….Не се банални.Огледало или ретровизор.Сега, веднаш, ќе Ви го пренесат ова токму оние(од нашите) кои не Ве почитуваа, знаете Роза дека е така….Знам, дека знаете.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови