Благодарници за учениците кои учествуваа во новогодишната програма „ЕУ за ТЕБЕ”

Од:

Во ЕУ Инфо Центарот во Скопје амбасадорот Самуел Жбогар денеска додели благодарници на учениците и директорите од неколку скопски средни училишта кои учествуваа во новогодишната програма на Градскиот плоштад „ЕУ за ТЕБЕ“.

Благодарници им беа врачени и на младите натпреварувачи по уметничко лизгање кои го отворија лизгалиштето “ЕУ за ТЕБЕ”.

Од Делегацијата на ЕУ во Скопје најавуваат дека во наредниот период, амбасадорот Жбогар ќе оствари посети во средни училишта низ државата.

Инаку, програмата „ЕУ за ТЕБЕ“ беше дел од Новогодишната програма ‘Винтерленд’, што прв пат беше организирана под патронство на Делегацијата на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ