Благодарници од УМС за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од првиот парламентарен состав

Од:

Во 1990 година ВМРО-ДПМНЕ почна да го реализира македонскиот сон за независна држава, период кога дел од домашната политичка елита не беше ни подготвен за новото време. Но, како и секојпат, партијата одново го зеде товарот на својот грб. Импулсот за воскреснување на македонската единствена патриотска мисла за самостојна држава дојде од делувањето на идеологот на современото ВМРО Драган Богдановски, но и на многу други.

Ова беше истакнато на денешното доделување благодарници за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, членови на првиот парламентарен состав, што го организира партиската Унија на млади сили (УМС).

– Вие бевте дел од една битка, битката на ВМРО-ДПМНЕ. Делувавте во историско време. Вие сте реперот за секоја парламентарна група. Горди сме што сме ваши идеолошки наследници. Вие и требате на Македонија, ни требате нам младите, му требате на ВМРО-ДПМНЕ со вашата мудрост и непоколебливост, рече претседателот на УМС Диме Спасов, заблагодарвајќи им на сопартијците, членови на првиот собраниски состав, кои, додаде, ја испишуваа историјата во моменти на големи одлуки, предизвици и неизвесности.

Првите парламентарни избори во 1990 година го покажаа, потенцира Спасов, судирот на двата концепта. Уште во предизборната кампања ВМРО-ДПМНЕ се соочи со разни обвинувања и етикирања, па дури и со барање за нејзино бришење од судскиот регистар само зашто потсетуваше дека и се ближи крајот на Југославија. На митинзите првпат отворено се зборуваше дека „нашата сила е во идеите на светлите синови на македонската револуција, на Гоце и Даме, да се создаде независна македонска држава во која никој друг не ќе може да командува освен македонскиот народ“.

– Како младо национално ткиво, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гледаа во секоја предлог одлука, предлог-закон да го изнудат најдоброто за татковината, паралелно справувајќи се со искуството на манипулациите на политичките неистомисленици, рече Спасов.

На денешен ден, 8 јануари 1991 година се конституира новиот парламентарен состав со кој претседаваше највозрасниот пратеник Никола Стојановски од Велес. Следниот ден, на 9 јануари, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги предложи декларацијата за независност на Македонија, како и одлуката за прекинување на плаќање на посебен данок на ЈНА. Триумфот на ВМРО-ДПМНЕ, како што посочи претседателот на УМС, ќе го одбележи 25 јануари 1991 година кога Собранието на РМ ќе ја усови Декларацијата за сувереност на државата.

Би можело да ве интересира

ДПМНЕ постави партиски ветеран бугарофил за член на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски

Сајкоски: Интерпелациите на пет членови на Судскиот совет се клучен момент во борбата за владеење на правото и довербата во институциите

Катерина Ѓуровски