Благодарница за ЦУК за придонесот во справување со поплавите

Од:

Директорката на ЦУК, Сузана Салиу и координаторот од ЦУК Рагми Ибиши добија благодарница за особен придонес во справувањето и надминувањето со последиците од поплавите од граѓаните на Урбаната заедница „Јане Сандански“, населба Ченто, соопшти ЦУК.

– Директорката на ЦУК, Сузана Салиу изрази задоволство што граѓаните ги почувствуваа напорите, посветеноста и функционирањето на институциите и истакна дека за неа најголемиот успех е признанието од граѓаните кои живеат во тие подрачја, се наведува во соопштението.

На средбата се разговарало и за тековните проблеми со кои се соочува месното население во тој регион, при што било потенцирано дека ЦУК и во иднина ќе продолжи со координирање на активностите за надминување на последиците од поплавата.

Би можело да ве интересира

Двајца странци заглавиле на врвот Приберг на Шар Планина, извлечени од косовска страна

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Активни се шест пожари на територијата на Македонија

Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11

Активни се пет пожари на отворен простор, шест се ставени под контрола