(ВИДЕО) Бизнисменот Мицевски: Парите ги уплатив на Меѓународен сојуз, а не кај пензионерката

Од:

Бизнисменот Силјан Мицевски кој е на распит кај Русковска рече дека по втор пат дава исказ за „Рекет”. Тој во изјава за медиумите вели дека парите ги уплатил на сметка на Меѓународен сојуз чиј прв човек е Боки 13, а не кај пензионерката Лилјана Тодоровска од Скопје.

„На пензионерката не сме и дале ништо. Сме дале на Сојузот. Секако дека ќе ги бараме назад парите“, рече Мицевски пред да влезе на распит.

Мицевски ќе треба да објасни кој барал од него 720 илјади евра, за која намена и дали парите се уплатени кај пензионерката или кај сојузот на Боки 13.

Тодоровска сведочеше во Обвинителството за организиран криминал пред 10 дена. Претходно, изјави дека парите кои Мицевски ги уплатил на нејзината сметка ги подигнала во кеш, а потоа ги дала на друго лице од сојузот на Боки 13, но не кажа за кого станува збор.

Претходно, на распит кај обвинителката Русковска беше водителката Лила Филиповска. Како што дознава „А1он”, Лила Филиповска го привлекла вниманието на обвинителката Вилма Русковска откако биле забележани големите позајмици кои му ги дала на Бојан Јовановски.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Почина Силјан Мицевски, поранешен градоначалник на Битола и почесен српски конзул

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов