Бизнис делегација од полскиот град Киелце во работна посета на Виница

Од:

Во работна посета на Виница престојува бизнис делегација од градот Киелце,Полска која денеска беше примена од градоначалникот на опшптина Виница Емил Дончев.

За Општина Виница, нагласи градоначалникот Дончев, посетата е од особено значење бидејки веќе се воспоставени стопански релации на неколку капацитети од Виница.

– Во СОУ„Ванчо Прке“ полската делегација понуди опремување со машини за машинската работилница во училиштето, а во компанијата „Макпрогрес“ за пласман на производи на полскиот пазар, истакна градоначалникот Дончев.

Томас Бугоцки, претседавач на Советот на општина Киелце, информира дека понудиле бизнис осработка во областа на прехранбената и месната индустрија, градежништвото и пласманот на вино.

– Ние сме воодушевени од вкусот на македонското вино и на историските споменици за што ќе понудиме и неколку туристички посети на Виничкиот крај со богатите знаменитости, посебно Виничкото кале каде се пронајдени виничките Теракотни икони, истакна Бугоцки.

Полската делегација ги посети Виничкото кале, Музејот Теракота како и Здравствениот дом во Виница.

Би можело да ве интересира

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени

Банда од Виница крадела по куќи и мачела животни

Приведен разбојник на автобуска станица во Виница

Објавен конкурсот за карикатура на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“

А1он