Битолското обвинителство поведе постапки против седум лица заради прекршување на полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог против шест лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информира ОЈО Битола, обвинетите за одделни кривично правни настани, се товарат дека вечерта на 4 и 5 април, за време на полицискиот час, се движеле низ Битола пеш или со возило. Со тие дејствија не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19.

Обвинителство побарало од Судот на обвинетите за стореното кривично дело да им определи парична казна во износ од по 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

За едно лице, дете на возраст од 16 години, јавниот обвинител до Судија за деца во Основниот суд во Битола поднел Барање за поведување подготвителна постапка. Детето, заедно со двајца од обвинетите, се движело пеш во вечерните часови за време на забраната за движење.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час