А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Битолските училишта за училишен превоз должат 770.000 евра

by А1он04/10/2018 - 15:45281
Share0

Основните и средните училишта во Битола во моментов должат 47.700.000 денари или над 770.000 евра за неплатени услуги поврзани со организираниот училишен превоз во овој град.

Добивај вести на вибер

Секторот за односи со јавност на општина Битола со соопштение информира дека вкупната сума на наследени долгови е значително намалена, но и понатаму висока.

– Општина Битола еднаш засекогаш треба да го реши проблемот со превозот како основен причинител на финансискиот колапс во битолските училишта. Училиштата во градот имаат упатство да се усогласат со новите законски измени кои ги овозможува Законот за превоз во патниот сообраќај, и на тој начин ќе се надмине проблемот, посочуваат од тамошната локална самоуправа.

Во наредниот период бесплатниот превоз на ученици ќе се врши од страна на носителите на дозвола на општински линиски превоз, по цени и начин утврден од советите на општините. Исто така, бесплатниот превоз на ученици на две или повеќе општини каде што има утврден возен ред во рамки на меѓуопштинскиот линиски превоз ќе се врши од страна на носителите на дозвола за меѓуопштински линиски превоз, по цени утврдени со превозниците, кои не можат да бидат повисоки од цените за останатите патници, информираат од општина Битола.

bitola

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 12:4824/02/2026 - 13:09

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он14/02/2026 - 15:1014/02/2026 - 17:01

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски07/02/2026 - 14:0007/02/2026 - 14:39

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

Горан Наумовски04/02/2026 - 19:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен