А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Битолските училишта должат над 285 милиони денари

by А1он22/08/2018 - 13:3222/08/2018 - 13:32108
Share0

Средните и основните училишта чиј основач е општина Битола имаат вкупни долгови од над 285 милиони денари (околу 4,6 милиони евра), а од нив 122,8 милиони денари се долгови кон надворешни доверители, вршители на разни услуги за училиштата.

Добивај вести на вибер

На средбата со новинарите, градоначалникот на Битола, Наташа Петровска и секретарот на општината Слободан Најдовски, информираа дека долговите на училиштата секојдневно се зголемуваат заради затезните камати, извршни решенија и други финансиски проблеми.

Од општина Битола потврдија дека две средни училишта и осум основни училишта се со блокирани сметки, средното медицинско училиште „Јован Калаузи“ должи околу 35 милиони денари, основното училиште „Крсте П. Мисирков“ должи 39 милиони денари, а со високи долгови кои се движат од 16 до 30 милиони денари се и основните училишта „Александар Турунџев“, „Гоце Делчев“, „Елпида Караманди“, „Климент Охридски“ и „Коле Канински“.

Првите луѓе на битолската локална самоуправа на новинарскиот брифинг посочија дека деновиве се посветени на надминување на проблемите со неплатени сметки за потрошена електрична енергија кои училиштата во градот не ги плаќале од месец април 2017 година, со што во овој момент вкупниот долг на училиштата кон ЕВН-Македонија изнесува 6,5 милиони денари, од нив 5,3 милиони денари должат основните и 1,2 милиони денари средните училишта.

На иницијатива на градоначалникот на Битола, а по деветгодишна пауза, годинава по потпишаниот договор со ЈЗУ Завод за здравствена заштита-Битола, ќе се изврши здравствен санитарен преглед на сите наставници во основните и средните училишта чиј основач е Советот на општина Битола, со што ќе биде исполнета законската обврска секој наставник да може непречено да изведува настава, беше истакнато на средбата со новинарите во општина Битола.

bitola

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 12:4824/02/2026 - 13:09

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он14/02/2026 - 15:1014/02/2026 - 17:01

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски07/02/2026 - 14:0007/02/2026 - 14:39

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

Горан Наумовски04/02/2026 - 19:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен