Битолските студенти се приклучуваат на протестите против екстерното

Од:

Студентите од битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ на студентскиот марш ќе го изразат нивниот револт и несогласување против екстерното тестирање коешто го најавува Владата, пренесе Телма.

Датумот на студентскиот марш се`уште не е познат, а студентите велат дека дополнително ќе се одреди преку договор со своите колеги од Скопје.

Оваа одлука беше донесена денеска од страна на Студентскиот пленум од Битола, на којшто присуствуваат околу 50 студенти и средношколци. Пленумот беше одржан на отворено, пред Техничкиот факултет, поради тоа што не добија согласност да ги искористат просториите на оваа институција.

„Поддршката што ја имаме од студентите и средношколците е голема, сметаме дека се нарушуваат некои уставно загарантирани права, како што е правото на образование. Не е важно дали тоа се вика екстерно тестирање или државен испит“, изјави Борис Николевски од битолскиот Студентски пленум.

Ова е нивни трет студентски пленум што се одржува под ведро небо. Иако тие доставиле официјални барања за користење на просториите од факултетите, сепак, не им било дозволено.

„Од Правниот факултет и Факултетот за нутриционизам, првиот пат бевме физички спречени, ни беше заклучена вратата и не можевме да го одржиме тој пленум. Доставивме барање до Техничкиот факултет, но службеното лице било на пат, па не можело да даде согласност. Од Правниот факултет добивме неформални одговори дека биле под притисоци заради што не можеле да ни отстапат просторија“, вели Николевски.

За следната недела најавен е уште еден студентски пленум, кога и најверојатно ќе се одреди датумот за протести. Тие побараа што поголема масовност, за нивните одлуки да бидат легитимни.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки