Битолските студенти ќе протестираат против промената на името и двојазичноста во Македонија

Од:

На плоштадот „Магнолија“ во Битола денес во 18:00 часот ќе се оддржи студентки протест против промената на името и, како што велат организаторите „Млади за Македонија“, против претворањето на земјава во двојазична држава.

„Студентите се бунтуваат против прекршувањето на нивните основни човекови права и достоинство преку принудувањето да го сменат своето име и идентитет. Исто така, студнтите се бунтуваат и против незакониското и насилно воведување на втор јазик на целата територија на државата. Протестот е мултиетнички и ќе бидат присутни и припадници на помалите етнички заедници кои се чувствуваат дискриминирани од воведувањето на втор службен јазик на целата територија на државата“, се наведува во соопштението на „Млади за Македонија“.

Оттаму се додавава дека иако не во голем број, битолските студенти ја имаат поддршката и од дел од студените од албанска националност, кои сметаат дека нема потреба албанскиот да биде службен јазик во Гевгелија, Штип, Радовиш, Делчево и другите градови кај што не живеат припадници на оваа етничка заедница.

Студентите нагласуваат дека протестот е исклучиво непартиски и позади него не стои ниту една политичка партија. Организатори на протестите се студентите од сите универзитети од Македонија организирани кои настапуваат под паролата „Млади за Македонија“.

Би можело да ве интересира

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски