Битолскиот универзитет бара повлекување на објавената ранг-листа на универзитетите

Од:

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола денеска јавно побара повлекување на објавената ранг-листа на универзитетите во Република Македонија.

По завршувањето на денешната седница на Ректорската управа на УКЛО, до јавноста и Министерството за образование и наука е испратено соопштение со кое се бара повлекување на објавената ранг-листа и транспарентност на процесот.

Ректорската управа на Универзитетот бара нејзино преиспитување и коригирање врз основа на објективизирани критериуми содржани во однапред позната методологија на сите учесници во рангирањето, во функција на целосно транспарентен процес и обезбедена непристрасност и контрола на квалитетот на резултатите.

Во соопштението на УКЛО, исто така, се нагласува дека Универзитетот констатирал непочитување на Берлинските принципи за рангирање на високообразовните установи врз кои треба да се темели рангирањето како и неможност за приговор како уставно загарантирано право за заштита.

Ректорската управа смета дека Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола со постигнатите резултати што се темелат на повеќедецениската традиција, дал значаен импакт врз севкупниот едукативен, научен, општествено-економски и културен развој на државата и дека објавената ранг-листа не је отсликува реалната состојба на универзитетите во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on