Битолскиот Универзитет бара одложување на законите за високо образование

Од:

Ректорската управа и Сенатот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, на синоќешната седница посветена на законите за високото образование заклучи дека е неопходно нивно одложување и процесуирање во редовна постапка со цел да се овозможи време за разгледување и вклучување на Универзитетот во изнаоѓање оптимални решенија.

– Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, секогаш ги поддржувал и ќе ги поддржува сите реформски процеси коишто водат кон зголемување на квалитетот на високото образование. Со оглед на сериозноста на предложените измени, и потребата од активно вклучување и придонес на Универзитетот во процесот на креирање на законите кои се однесуваат на високото образование, Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола смета дека е неопходно одложување на предложените закони од областа на високото образование и нивно процесуирање во редовна постапка. Во таа смисла, со прифаќањето на овој предлог би се дало доволно време за темелно разгледување и анализа на предложените закони, и активно и креативно вклучување на целокупниот потенцијал на Универзитетот во изнаоѓањето на оптимални решенија, информираат од Универзитетот во Битола.

На синоќешната седница на Ректорската управа и Сенатот на Универзитетот во Битола, која беше одржана по завршувањето на разгледувањето на предложените законски решенија во однос на високото образование, од сите единици на Универзитетот, беа дадени бројни, сериозни и суштествени забелешки, како и аргументирани предлози за изнаоѓање поквалитетни, посоодветни и практично применливи решенија, кои ги земаат предвид, како интересите на целокупната академска заедница, така и на пошироката  општествената заедница, се посочува во соопштението од Ректоратот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.

Заклучовите се доставени и до министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

Би можело да ве интересира

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата