Битолската универзитетска библиотека донираше книги во Битолскиот затвор

Од:

Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола денеска додели 80 книги на битолскиот затвор.

Директорите на библиотеката, Јелена Петровска и на битолскиот затвор Драган Крајовски, воедно потпишаа меморандум за соработка со кој се овозможува користење и на книжниот фонд, учество во програми на ресоцијализација и други активности од надлежност на двете установи.

– Подаривме 80 книги кои се дупликати во библиотеката, но можеме да соработуваме и на друг план, пред се позајмување на книги, организирање на стручни предавања, библиотерапија, информациски писменост и други активности од интерес на установата. Со оваа активност воедно ги реализираме препораките на интернационалната организација ИФЛА и Агенда 20130 за одржлив развој, на Обединетите нации, посебно во делот на промовирање мирољубиви и инклузивни општества каде библиотеките имаат активно влијание, истакна директорката на библиотеката, Јелена Петровска.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски