Битолчани се качија на велосипеди

Од:

Следејќи ги современите текови на мобилност, заштита на животната средина и природата, со низа активности општина Битола, во соработка со СВР-Битола, Фото кино клуб Битола, ЗГ„Биосфера“, граѓанска иницијатива „Битола на точак“ и основните училишта од општината, од 16 до до денеска организираа низа активности за поголема промоција на пешачењето, велосипедизмот и останатите форми на алтернативен транспорт.

Со денешниот настан со кој со возење велосипеди се одбележа 22 септември, Европскиот ден без автомобили, беа заокружени активностите во рамките на Европската недела на мобилност.

– Денес го финализираме проектот „Европска недела на мобилност“. Тоа беше недела во која вниманието со посебен акцент беше ставено на животната средина. Автомобилизмот е глобален проблем и цениме дека една од главните причинители на загадување се токму автомобилите. Верувам дека идниот период општина Битола ќе го заокружи и својот голем проект за велосипедски патеки низ градот, што претпоставуваме дека ќе придонесе многу да се намали возењето со автомобили – рече градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

Во денешниот настан настан беа вклучени над 300 ученици од сите основни училишта во општина Битола.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките