Битолчани на студот трошат вода како среде лето

Од:

Поларната температура ја зголеми потрошувачката на вода во Битола како среде лето.

Од Нова година до денеска, во просек се трошат по 600 литри вода во секунда, како во најтоплите денови во текот на изминатото лето. Чешмите на битолчани течат и дење и ноќе од страв да не им замрзне водата во цевките, па да направи поголема штета на водоводната инсталација,велат од ЈП „Водовод“ во Битола.

– Граѓаните ставуваат да не им замрзне водата во чешмите, особено во надворешните чешми и во куќите, па затоа ги оставаат отворени славините. Така потрошувачката на вода овие денови е од 400 до 600 литри во секунда. Колку за споредба, во најголемата горештина, во шпицот на летото, потрошувачката беше до 800 литри во секунда, но оваа бројка може да се достигне доколку еден месец континуирано температурата е под -10 Целзиусови степени – вели Миле Ѓоргиевски, раководител на техничкиот сектор во ЈП „Водовод“ во Битола.

Во исто време, од Нова година до денеска, повеќе од триесеттина граѓани во ЈП „Водовод“ пријавиле дека од студот им испукале стаклата на водомерите.

Од ЈП „Водовод“ велат дека битолчани не треба да стравуваат од недостиг на вода и покрај зголемената потрошувачка.

Од Нова година во градот имало три големи дефекти на водоводната мрежа, кои, за среќа, бргу биле санирани, па само мал дел од граѓаните за празниците по неколку часови останале без вода.

Би можело да ве интересира

Битолчани доцнат со еколошкиот план – отпадните води ги поплавија роковите

68-годишен беровчанец во хотел во Битола извршил полов напад врз 12-годишно девојче

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се насилниците кои од Швеѓанец земаа блузата на која имало исцртано глава на орел

Горан Наумовски

Маж од Австралија е пронајден починат во хотел во Битола