Битолчани го почувствуваа синоќешниот земјотрес со епицентар на Баба Планина

Од:

Жителите на Битола и посебно оние граѓани што живеат на повисоките катови од станбените згради, синоќа околу 22.50 часот почувствуваа силен земјотрес.

Повозрасните битолчани тврдат дека земјотресот бил проследен со невообичаен звук од Баба Планина, каде што всушност е регистриран  епицентарот на земјотресот, во битолското потпелистерско село Цапари оддалечено на 8 км од Битола.

Според Сеизмолошката опсерваторија, интензитетот на земјотресот бил од 5 до 6 степени според Европската макросеизмичка скала-1998.

Освен мала вознемиреност во и околу Битола, не се регистрирани други проблеми предизвикани од синоќешниот земјотрес кој бил почувствуван и во Охрид, Ресен и во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција

Земјотрес почувствуван во државава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во западните и југозападните делови на Републикава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени