Битолчани дишат воздух презаситен со ПМ10 и со ПМ2,5-честички

Од:

Двонеделното мерење на квалитетот на воздухот во Битола покажа дека битолчани дишат воздух презаситен со ПМ10 и со ПМ2,5-честичките. Мерењето што на своја иницијатива го направи здружението „За нас се работи“ околу Нова година, денеска беше презентирано пред јавноста.

Резултатите од мерењето беа испратени во независната лабораторија „Мол“ во Србија.

– Алармантен е фактот што во измeрената концентрација на ПМ10-честичките, концентрацијата на ПМ2,5-честичките, оние поопасните за човековото здравје, е од 67 до 97 отсто во целиот период на мерењето – вели Иван Јерчиќ, од здружението „За нас се работи“.

Испитувањето на хемискиот состав на честичките, пак, покажува дека концентрацијата на тешките метали, арсен, кадмиум, никел и олово е во границите на нормалата.

– Сепак, од лабораторијата напоменуваат дека за да се добијат референтни податоци е потребен период од 14 отсто од календарските денови од една тековна година. Односно, најмалку 50 дена, соодветно распределени по сезони и по денови во седмицата. Така, Инситутот напоменува дека врз основа на овие мерења, може да се добие само првична слика за состојбата со амбиенталниот воздух, која ќе биде референтна, ама сепак не целосна – рече Јерчиќ.

Од здружението „За нас се работи“ велат дека пропаднал тендерот што требаше Општина Битола да го реализира до крајот на февруари за мерење на квалитетот на воздухот и побараа Општината сериозно да пристапи кон договорот меѓу здружението и градоначалникот Владимир Талески.

Јерчиќ додава дека ниту од лабораторијата што го вршеше мерењето на квалитетот на воздухот во градот, „Фармахем“, ниту кој било стручњак за оваа тематика не се нафатил јавно да ги прочита резултатите од мерењето што независно го спроведе здружението.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Обид за убиство на „Новиот пазар“ во Битола: Со нож е ранет маж во грбот и слабината

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

Полицијата трага по 22-годишен разбојник кој ограби фризерски салон во Битола

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“