Битолчанец тешко повреден во судар на автобус и автомобил

Од:

Едно лице е тешко повредено во директен судир на автомобил и автобус што се случи утринава кај гостиварско Ново Село.

Според информациите на СВР Тетово, утрово околу осум часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселски мост, се судриле автобус со охридски регистерски таблици и патничко возило „Форд-фокус” со битолски таблици, кое го управувал 50-годишниот П.И од Битола.

Возачот на „фордот” се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во Гостиварската болница е пренесен во Битолската болница.

Екипа од Полициската станица Гостивар извршила увид на местото на несреќата и се утврдуваат причините поради кои дошло до несреќата. Првично, причина е неприлагодената брзина и недржење страна, а вкупната материјална штета се проценува на 100 илјади денари. 

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он