Битолчанец се бори за живот

Од:

Во СВР Битола синоќа во 1:35 часот лекар од Итната медицинска помош пријавил дека на градското игралиште пред сендвичарата „Божино“ е пронајдено и подигнато повредено непознато лице кое е во бессознание.

Полициски службеник излегол на терен и констатирал дека се работи за П.С. (61) од Битола кој е пренесен во Клиничка болница со тешка телесна повреда, внатрешно крварење на мозокот и неколку скршеници на коските на лицето. Се наоѓа во бессознание на Одделението за интензивна нега и е во животна опасност.

Според разговорот со вработена во сендвичарата, П.С. настрадал во тепачка што се случила во 1:25 часот. Непознато лице му удрило тупаница во пределот на носот по што паднал со главата на плочките.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип