Битолчанец лишен од слобода за сторено кривично дело „уцена“

Од:

СВР-Битола поднесе кривична пријава против 46-годишниот битолчанец Ј.К. поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „уцена“.

Портпаролот на СВР-Битола, Магдалена Димитровска соопшти дека целиот настан се случил во текот на денешниот ден кога Ј.К. е лишен од слобода.

– Сакајќи да си обезбеди противправна имотна корист, пријавениот Ј.К. денеска од неговиот мобилен телефон преку СМС-пораки му се заканил на 51-годишниот Ј.Б. од Битола дека ќе открие настан што ќе му наштети на неговата чест и углед доколку не му исплати 500 евра. Ј.Б. го пријави случајот во полиција. Денеска околу 10 часот Ј.К. отишол во канцеларијата на Ј.Б. и му дал плик со 500 евра претходно технички обработени, изјави Димитровска.

Од страна на СВР-Битола по преземени мерки и активности, Ј.К. е лишен од слобода и кај него е најден плик со 500 евра во различни апоени.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа