Битолченец загина во сообраќајна несреќа

Од:

Битолчанецот Васко Ѓ. (роден 1978 г.) го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на крстосницата меѓу улиците „Новачки пат“ и „Индустриска“, на влезот од битолската населба Долно Оризари.

Од СВР-Битола информираа дека сообраќајката се случила синоќа, а денеска била извршена обдукција врз починатиот Васко Ѓ., кој настрадал возејќи го својот мопед.

– Во сообраќајката учествувале тешко моторно возило „Там“ и мопед марка „Хамачи“, и двете со битолски регистерски таблици. Веднаш по сообраќајната несреќа, возачот на мопедот кој се здобил со тешки телесни повреди бил однесен во Клиничка болница-Битола, а таму им подлегнал на повредите, потврди Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

СВР-Битола и стручни екипи од други надлежни институции во градот вршат истрага за причините за сообраќајната несреќа.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип