Битола – најпрестижна дестинација за културно наследство и фестивалски програми

Од:

Општина Битола е прогласена за најпрестижна дестинација на Балканот за културно наследство и фестивалски програми во категоријата дестинации од културата.

Ова високо признание на општината и е доделено на Интернационалниот саем за туризам и култура кој годинава се одржа по десетти пат во Лугано, Швајцарија.

-Општина Битола е единствениот и награден претставник на Репулика Македонија, кој ја претставуваше нашата држава на саемот во Лугано, Швајцарија на кој беа претставени 250 изложувачи од 3 континенти, а беа доделени  7 награди. На повик на селекциониот комитет, општина Битола изврши претставување на својата програма, а после извршената анализа, комитетот разгледувајќи ја работата на општината и односот кон културата одлучи да ја повика општина Битола да се претстави на посебен штанд на 10-тиот интернационален саем во Лугано, информираат од секторот за односи со јавност во општина Битола.

Престижната награда на посебна свеченост, синоќа му беше лино врачена на  градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Општина Битола ваква награда добива по втор пат. Во 2009 година, во конкуренција од над 300 градови низ светот учесници на светскиот туристички саем во Лугано, Швајцараија, Битола ја доби наградата за најавангардна дестинација.

Би можело да ве интересира

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ