Битола со 1.368, Кавадарци со 863 и Куманово со 836 се трите града кои го следат Скопје на листата според бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјава. Главниот град има рповеќе од половина од активните случаи во моментов (9.614).
Прилеп, Тетово и Струмица ја продолжуваат листата според бројот на моментално заболени. Вообичаено како и досега во целиот тек на пандемијата, Дојран останува градот во кој има најмалку активни слуаи, во моментов 12, во Дебар има 20, во Пехчево 22, а во Демир Капија 30 активни случаи.
Вкупно, во земјава заклучно со податоците што вчера ги објави Институтот за јавно здравје има 18.909 активни случаи. На болничко лекување се 616 пациенти информира Министерството за здравство.
Во земјава од последици од Ковид-19 досега починаа 8.362 лица. Вчера беа регистрирани 24 смртни случаи, најмалдиот починат пациент беше на лице од Охрид на 48 години. Деветмина од починатите во изминатото деноноќие биле комплетно вакцинирани информираше Министерстерството за здравство.