Битиќи: Одлуката за статусот на Пошта следната година

Од:

Статусот на АД – Пошта на Северна Македонија, нема да се реши до крајот на годината. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, на новинарско прашање до каде е процесот за приватизација на поштата, истакна дека не станува збор за приватизација, туку за реструктуирање на функционирањето на компанијата.

– Моделот кој ќе биде избран е јавно-приватно партнерство или евентуално приватизација. Станува збор за процес кој што само што е почнат. Мислам дека во првиот или вториот квартал на 2021 година ќе имаме конечна одлука. Не е процес кој завршува во една краток период, рече Битиќи, кој е дел од владиниот тим задолжен за подготовка на физибилити студија со која ќе се утврди моделот за натамошниот статус на поштата.

Премиерот Зоран Заев неодамна изјави дека земјите со кои се натправаруваме во овој процес се приватни пошти или пошти со доминантно приватен капитал. Како успешни примери на менаџирање на поштите тој ги спомна земјите Словенија, Австрија, Германија, Полска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: СДСМ е против алармантните измени на Законот за јавни набавки, бараме јавна расправа

Горан Наумовски

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Страшно е што јавниот долг ќе достигне 70.8 отсто, најголем досега во историјата

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски му се заблагодари на Битиќи за ангажманот за германската БМЗ груп

Горан Наумовски

Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија“, имаме тотална фискална деструкција

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ