Битиќи од трибината „Повеќе за сите“ во Тетово: Се грижиме за најранливите наши граѓани, за да им обезбедиме социјална сигурност

Од:

Владата предводена од СДСМ презема мерки со кои ги заштитува најранливите граѓани од ефектите на кризите низ кои поминуваме минатиот период, порача вечерва на трибината „Повеќе за сите!“ во Тетово потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

„Се грижиме за да ги заштитиме најранливите наши граѓани, да им обезбедиме социјална сигурност. Во наредните 5 месеци по 2.000 денари месечно ќе добиваат корисниците на надоместок заради попреченост, истотака и самохрани родители – корисници на Гарантирана минимална помош, и родители на деца со попреченост до 26 години. Со оваа мерка се опфатени 16.741 граѓани, со вкупна буџетска поддршка од 2,7 милиони евра“, рече Битиќи.

Потретседателот на СДСМ, Битиќи пред присутните граѓани на трибината во Тетово рече дека владата предводена од СДСМ го штити животниот стандард и на пензионерите со најниски примања.

„Тоа што го ветивме и го исполнуваме“, рече Битиќи.
Тој додаде дека во наредните 5 месеци, пензионерите со пензија до 14.000 денари ќе добиваат по 3.000 денари месечно, оние со пензија од 14.000 до 16.000 денари 2.000 денари, додека, за пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари во следните 5 месеци, ќе имаат поддршка од 1.500 денари. За оваа поддршка се предвидени 35 милиони евра, и се опфатени над 187.000 пензионери.

Битиќи посочи дека во делот на мерките се опфатени и земјоделците.

„Нашата цел е зголемено домашно производство на земјоделски производи, но и вреднување на трудот на земјоделците. Со новиот пакет е предвидена авансна исплата на субвенции преку ИПАРД програмата, и тоа за 40.000 земјоделци кои имаат посеви со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади и кои се занимаваат со сточарството. За оваа мерка предвидени се 8,1 милиони евра“, рече Битиќи на трибината „ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ!“ во Тетово.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски