Битиќи од Старо Нагоричане: СДСМ ќе победи на изборите и ќе ја водиме државата таму каде што заслужува, во Европа

Од:

Вечерва во Старо Нагоричане се отвори новиот промотивен штаб на Социјалдемократскиот сојуз каде се обрати потпретседателот на партијата, Фатмир Битиќи, кој кажа дека инспиративните разговори со сопартијците го исполниле со големо чувство на одлучност.

„Одлучност СДСМ да го мобилизира гласот на граѓаните и да победиме на претседателските и парламентарните избори. Победата е избор, затоа СДСМ нема да побегне од тој избор. Ќе победиме и ќе ја водиме државата таму каде што заслужува, во Европа. Но дозволете ми да бидам јасен, во прашање се два дена, 24 април и 8 мај, кога вашиот глас и гласот на сите граѓани и граѓанки нема да биде само заокружување со пенкалото на гласачко ливче, тоа ќе биде инвестиција во иднината на нашите деца, тоа ќе биде влог во градењето на подобра сегашност за генерациите што доаѓаат. Кренете го и ширете го добриот глас кој го оставиме зад себе.

Со над 2,6 милијарди евра го заштитивме животниот стандард на граѓаните, ги поддржавме приватните бизниси да ги зачуваат работните места на своите вработени.
Спречивме цените да не експлодираат, куповната моќ на граѓаните не дозволивме да биде пеплосана. Обезбедивме повластена стапка од НУЛА – ДДВ за основните прехранбени продукти, поради тоа на рафтовите од продавниците купувавте поевтин леб, шеќер, брашно, масло за јадење, млеко, месо, ориз и јајца. Профитот на овие продукти беше и замрзнат“ кажа Битиќи.

Тој дополни дека во деновите кога енергетската криза беше надвисната како темни облаци над Македонија, кога цената на струјата се закануваше да внесе мрак во домовите, владата предводена од СДСМ обезбеди субвенции за над 600.000 домаќинства.

„Обезбедивме субвенции за струја, спречивме сметките да се вивнат како оган нагоре. Субвенциониравме и уште субвенционираме до 90% од трошокот за струја на секое семејство. СДСМ не дозволи животот на граѓаните да се претвори во економски и социјален кошмар“ рече Битиќи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Со власта на Мицкоски минималната плата се држи на дното, работниците добиваат само леб и сол

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

(ВИДЕО) Јанковиќ: Орце застана зад криминалните дивоградби во Чаир, глас за Орце е глас за Скопје да стане дивоградба

(ВИДЕО) Кузеска: Стандардот на граѓаните постојано се намалува а власта одбива да ги покачи платите

СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+