„Био-енергетско село“- искористување на дрвна маса како био-гориво

Од:

Подигнување на свеста за искористување на биоразградлива маса како енергенс и формирање на „Био-енергетско село“ беше тема на презентацијата одржана денеска во Крива Паланка.

Според Наташа Марковска од SDWES Скопје, секој поединец има улога во одржувањето чиста и здрава околина и таа улога треба да ја реализира, па токму поради тоа во овој проект покрај научните истражувања и вклученоста на институции, локални самоуправи и локални институции, активностите се насочени и кон граѓаните, како крајни корисници и таргет група.

Проектот е дел од програмата Хоризон 2020 , програма за истражувања и иновации, а е финансиран од Европската унија.

– Целта е да се пренесат знаења од земји во кои веќе се развиени овие концепти на био-енергетски села, станува збор за високо-развиени земји, како Данска, Германија и Австрија, во други земји во кои за овие концепти помалку се знае, со цел да се подигне нивото на искористување на биоенергијата. Тоа се земјите: Македонија, Хрватска, Словенија, Романија и Србија, рече Марковска.

Со проектот е избрана една македонска општина, тоа е општината Кичево, каде како таргет локација ќе се реализира такво био-енергетско село, во рамки на еден проект кој ќе овозможи со помош на искористување на био-енергија да се решат греењето и ладењето на повеќе различни објекти од општината кои ќе бидат поврзани во заеднички систем.

– Тоа ќе се спроведе преку одржливо и ефикасно искористување на био-масата, додава Марковска.

На настанот присуствуваа претставници од локалните јавни институции, училишта, градинки, јавни претпријатија кои се уште ги затоплуваат објектите на тардиционален начин, со мазут и течни горива, огревно дрво или струја, па токму тие се потенцијални крајни корисници за воведување нови системи на искористување обновливи извори на енергија.

Искуството на примена на био-енергенс го пренесе Љупчо Димов од општина Карпош, која е партнер во имплементацијата на проектот, а според него, отпадните гранки од кастрење на дрвата, биле наменски искористени во општината и од истите, со соодветна механизација се прави дрвен чипс и веќе се затоплуваат објекти.

Проектот е конципиран во општините во самиот старт да се купи трактор со мелница за дрвен чипс и трактор за транспорт на истиот до складови. Дрвен чипс може да се произведе од отпадот кој с едобива при сеча на шумите, како и од гранки – отпад, со што, не се користи дрвниот фонд како главен ресурс, туку споредните остатоци.

Ваков проект, „Био-енергетско село“ веќе е одредено да биде имплементиран во општина Кичево, а целокупната инвестиција според проценката би изнесувала околу 1.220.000 евра, со почетна инвестиција 700.000 евра и ќе го зголеми уделот на искористеност на био-маса во Кичево за околу осум отсто.

-Со овој проект се достигнува цена на централно греење која по киловат час соодветствува со цената на нсиката тарифа за електрична енергија, а заштедата на штетни емисии е еквивалентна на 3.342 емисии на СО2, помалку, што секако е одлична можност, за намалување на загадувањето , а и потрошувачката, рече Божикалиев.

Планирано е проектот да се презентира во три општини-следбеници: Крива Паланка, Делчево и Чашка. Проектот „Биоенергетско село“ го имплементираат девет партнери, освен од земјите од ЈИЕ, како и од високо-развиените земји, Австрија и Германија и трае 36 месеци.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот