„Билјанини Извори“ еден месец без струја

Од:

Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид еден месец е исклучена од системот за напојување со електрична енергија. Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ од Охрид има огромен долг кон ЕВН од над 9 милиони денари што е главната причина за исклучувањето.

Во спортската сала сместени се и канцелариите на Јавното претпријатие каде што секојдневно на работа доаѓаат околу десетина вработени, а дел од вработените се пуштени на принуден одмор.

Неофицијално, ЕВН му понудила на Јавното претпријатие долгот да се исплати на 24 рати со што таа во истиот момент системот за напојување со електрична енергија би бил вклучен, по што течат преговори за изнаоѓање на решение за проблемот.

Ова е прв пат подолго време една од најубавите и најсовремени спортски сали во Македонија да остане без електрична енергија.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид