Билетот за влез во Плаошник неопходен за негово одржување

Од:

Во црквата „Св. Климент“ и „Св. Пантелејмон“ на Плаошник од 1 јуни почна да се наплаќа влез од 100 денари.

Отец Никола од Дебарско-кичевската епархија информира дека билетот за влез е воведен за да може црквата непречено да функционира и да ги подмирува своите долгови за потрошена струја и телефон, како и за обезбедување плати за вработените во храмот.

– Од први јуни е воведено наплаќање за влез во комплексот Плаошник бидејќи трошоците за црквата односно за нејзиното одржување се зголемуваат. Црквата не може веќе да се одржува од доброволните приходи. Токму затоа е воведена оваа такса за да може црквата да им плаќа на своите вработени, да го одржува објектот, да се подмируваат сметките за струја, телефон и слично, рече отец Никола.

Според него, ваква давачка е воведена во сите поголеми туристички центри, а целта е, да се одржи објектот во функција.

– Како и во сите поголеми центри и туристички места што се наплаќа за да се види некој објект или културно-историски споменик, и овде, по 12 години се наплаќа зашто црквата не може да работи во минус и да се одржува само од доброволните прилози, додаде отец Никола.

Туристичките водичи реагираат на одлуката, посочувајќи дека наплатата влез на Плаошник им созадава проблеми, бидејќи според нив, е воведена без најава кога туристичката сезона е веќе почната. Тие сметаат дека за наплатата за влез во манастирот на Плаошник требало да бидат информирани уште кога завршила претходната туристичка сезона, за да можат да ја вметнат новата такса во нивните аранжмани.

Досега билет за влез се практикуваше во црквите „Света Софија“, „Света Богородица – Перивлепта“, како и во црквата „Свети Јован Богослов“ во Канео. Во парохиските цркви кои се активни и посетени секојдневно од страна на локалното население, Дебарско-кичевската епархија не планира да воведе дополнителна давачка за влез во нив.

Дел од средствата што ќе се собираат од наплатените билети ќе се слеат во државната каса и во Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид, појаснуваат од Дебарско-кичевската епархија.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата