Џафери се сретна со претседателот на Австрискиот национален совет, Соботка

Од:

Во рамките на учеството на Конференцијата на претседатели на Парламенти од земјите на Европската Унија, која што се одржува на 23 и 24 април во Талин, Естонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, оствари билатерална средба со претседателот на Австрискиот национален совет, Волфганг Соботка.

На почетокот на средбата, претседателот Џафери изрази задоволство од средбата, особено што се остварува непосредно пред преземањето на претседавањето на Австрија со Советот на ЕУ, што е сигнал за силна поддршка на евроинтеграциските процеси на Република Македонија.

Претседателот Соботка потврди дека Австрија ја поддржува Република Македонија во евроинтеграциските процеси и при тоа нагласи дека интензивирањето на парламентарната размена и комуникација може да придонесе во зајакнување на севкупните односи на двете земји. Во периодот што следи, очекува двата Парламента да продолжат да соработуваат во рамките на Парламентарното собрание на ОБСЕ преку заеднички активности на пратениците. Тој, исто така, се интересираше за актуелните случувања во земјата, особено за градењето на добрососедските односи, бидејќи истите се од клучно значење за интеграција на земјата во европското семејство.

Претседателот Џафери истакна дека Република Македонија особено го цени фактот што Австрија ја предводи групата земји во ЕУ кои се гласни и активни поддржувачи за отпочнување на пристапни преговори меѓу ЕУ и Македонија. Тој, исто така, изрази уверување дека земјата е целосно посветена на реформите кои треба да дадат конкретни резултати.

На крајот од средбата, двајцата претседатели се согласија интензивирањето на парламентарната соработка да ја остварат преку заемни активности и посети, при што претседателот на Собранието, Џафери, ја повтори отворената покана до својот колега за посета на Република Македонија во текот на 2018 година.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски