Денес, претседателот на Движењето БЕСА заедно со една делегација составена од членовите на Централното Претседателство, Аријанит Хоџа и Кастриот Реџепи, остварија средба со Амбасадорот на Франција во Скопје, господинот Кристиан Тимоние.
На состанокот е разговарано за реалноста создадена после изборите во 11 декември притоа изразувајќи го ставот на Движењето БЕСА за развојот на настаните и комбинаториките за формирање на влада. На овој состанок претставниците на Движењето БЕСА уште еднаш потенцираа дека платформата Редефинирање е една многу значајна точка со која Македонија може да се врати во патот на евро-интеграциите.
Движењето БЕСА и на овој состанок го повтори ставот дека е време партиите на смогнат сили за имплементирање на реформите кои произлегуваат од Извештајот не Прибе, и сите други потребни промени кои се во доброто на граѓаните. Двете страни се согласија дека вакви пријателски состаноци треба да продолжат и во иднина.