Бик усмрти тетовец

Од:

Тетовецот Џ.И.(73) починал откако бик налетал врз него и го набил во ѕидот од дворот на нивната семејна куќа во Ново Село, општина Желино, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Несреќата се случила вчера околу 17 часот додека старецот се обидувал да го врзе бикот, кој налетал врз него и го набил во ѕидот од дворот.

Помош на повредениот веднаш му укажале домашните и соседите, но од здобиените повреди Џ.И. починал на пат кон тетовската болница.

– Полицијата разговарала со лекарите во болницата за видот и карактерот на повредите, како и причините за смртта по што се упатила на местото од настанот да изврши увид, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата