Бигорски манастир со вонредно соопштение за богослужбата за Света Пасха

Од:

Македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир преку вонредно соопштение се обрати до верниците и почитувачите на манастирот, во врска со богослужбата за Света и Велика Пасха.

-Возљубени верници и почитувачи на Бигорскиот манастир. Ве известуваме дека со оглед на тоа што полицискиот час за Велигден е укинат, манастирот нема да врши директен пренос на социјалните мрежи на богослужбата за Света и Велика Пасха, бидејќи на верниците им се дозволува да отидат во храмовите, под услов да ги запазат предвидените мерки за здравствена заштита, стои во соопштението.

Се додава дека во контекст на ова, а и поради фактот што препорачаниот капацитет на манастирскиот соборен храм е речиси пополнет со бројот на монасите, монахињите од сестринските манастири, штитениците и луѓето што престојуваат во манастирот, ќе биде обезбеден пренос на богослужбата на голем видео-екран што ќе биде поставен во дворот.

-На овој начин сите што ќе дојдат во Воскресенската ноќ ќе имаат можност да го следат во живо Пасхалното торжество. Ви посакуваме добро Воскресение на сите, се порачува во соопштенето.

Инаку, минатата година поради пандемијата братството на Бигорскиот манастир и сестринството од манастирот во Рајчица, без присутво на верници, освен затекнатите по прогласувањето на мерките за изолација, отслужија богослужби за Велики петок и Велика сабота.

Вечерната богослужба со симнувањето на Христа од крстот, полагањето на светата Плаштаница, погребението Христово и полагање на светата Плаштаница во Кувуклијата и оплакувањето на Христа преку директниот пренос беше проследена од над 250.000 луѓе од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за нови и подобри почетоци

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Предраг Петровиќ

Велигденска Вокресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението