Бигорски го одбележува патронот, братството побројно за тројца членови

Од:

Манастирот „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, денеска го слави Отсекувањето на главата на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован.

Во текот празничната вечерна богослужба отслужена во свештената Бигорска обител тројца членови од свештеното братство беа причислани кон ангелскиот монашки ред.

bigorski-popovi

Свечениот чин на монашкиот потстриг на новите отци Козма, Михаил и Методи го изврши митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј.

Денеска беше одржана утрената богослужба, а претпладнево се одржува божествената архијерејска литургија, со која чиноначалствува митрополитот Тимотеј.

bigorski-popovi1

Како по традиција ова наше древно светилиште синоќа и денеска е преполно со верници, но и други гости од сите делови на нашата држава.

Без оглед од каде се за сите нив ова е место исполнето со спокој, мир и љубов. Радоста е голема и поради неговата обнова по опожарувањето пред пет години, како и фактот што од година во година бројот на верниците и гостите кои го посетуваат манастирот е се поголем.

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Арамии провалиле во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ и го ископале подот

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје