Бигорски доби нова камбана – Благовесник

Од:

Бигорското светилиште пред Христовото воскресение Велигден го доби својот нов свештен украс – новата камбана, наречена „Благовесник“, излеана во Заводот за производство на камбани „Вера Воронеж“, во рускиот град Воронеж.

Ктитор е Иван Постоловски со неговото семејство од Скопје, кој со благослов на игуменот Партениј, се потрудил со лични средства да ја покрие изработката на ова големо ѕвоно, тешко 1.850 килограми.

„Благовесник“ е украсен со четири икони – на Воскресението Христово, на Рождеството на Св. Јован Крстител, на светите цар Константин и царица Елена и Кирил и Методиј. На него се врежани два натписа, едниот е на црковно-словенски јазик и е карактеристичен за овој вид камбани „Благовести, земјо, радост голема, фалете ја небеса Божјата слава#, а другиот, пак, е ктиторски натпис „Во слава на Троичниот Бог и во чест на Св. Јован Претеча ова ѕвоно го приложи семејството Постоловски за благослов и вечен спомен, во време на митрополит Тимотеј и во време на смирениот игумен и нов ктитор, архимандрит Партениј, со неговите во Христа браќа, во летото од Христа 2013“.

Со ова, како што информираат од Бигорскиот манастир, се оствари желбата на архимандритот Партениј да се излее ѕвоно во чест на јубилејните 1.700 лета од објавувањето на Миланскиот едикт од страна на светиот благоверен цар Константин Велики и 1.150 лета од славната богоблагословена Моравска мисија на светите рамноапостолни учители и просветители Кирил и Методиј.

Камбаната ќе биде осветена по пасхалните празнувања, од страна на  митрополитот на дебарско кичевската епархија, гoсподин Тимотеј.

Би можело да ве интересира

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

Претставници од Бигорскиот манастир иконата на Св. Георгиј Победоносец ја однесоа во светогорскиот манастир Ксенофонт

Предраг Петровиќ

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски

Ограбен е манастирот „Св.Јован Крстител“ во скопското село Љубанци

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

На дело е фатен арамијата кој ја ограби црквата „Св.Архангел Гаврил“ во Гази Баба