„Биди фер. За детство без пречки“ кампања за поголема инклузија на децата со попреченост

Од:

„Биди фер“ – за детство без пречки е насловот на кампањата која има за цел да обезбеди широка поддршка за правата и вклучувањето на децата со попреченост, треба да ја подигне јавната свест дека поради пречките во средината, општеството и ставовите, децата со попреченост не можат да учествуваат во општеството на рамноправна основа со другите деца.

Во рамки на кампањата изработени се видеа, но и апликација за мобилни телефони „Без пречки“ со цел да се информира јавноста, но и да се вклучи јавноста во мапирање на примерите за пристапност во земјата, како пристапни згради, пешачки патеки и премини, пристапен јавен транспорт, паркинг, детски игралишта…

Преку оваа камапања, рече министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија, министерствата за труд и социјална политика, за здравство, и за образование и наука, граѓанските организации за правата на лицата со попреченост, треба да ги разгледаме сите креативни концепти и идеи, а со тоа да го промениме начинот на кој општеството гледа на децата со попреченост и начинот на кој тоа се однесува кон нив.

– Сите треба да бидеме свесни дека секое дете може да работи нешто корисно, да се најде себе си во некоја област, секој е за нешто роден. Затоа да бидеме свесни, совесни и хумани. Затоа да бидеме свесни совесни и хумани. Затоа да бидеме фер за детство без бариери, рече министерот Ибрахими.

Потсети дека со цел овозможување подобри услови за овие деца државата во рамки на многубројните проекти отворила 32 дневни центри како социјални сервисни служби за децата со попреченост, дневни центри за аутизам, и за деца со оштетен вид од претшколска возраст. Зголемен е, рече и посебниот додаток, а зголемене за 25 проценти додатокот за материјално неозезбедени родители на деца со пречки со развој, а воведени се и дополнителни мерки за поддршка на најранливата категорија граѓани.

Заменик преставникот на канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија Елспет Ериксон истакна дека дека овие лица многу неправично се чуствуваат исклучени,, како што рече, не поради својата состојба, попреченост или неспособност нешто да направат туку поради тоа што ние како општество им поставуваме пречки и бариери кои не мора да бидат тука.

Македонија, рече, има направено големи чекори во изминатите години, но, рече, тука не треба да се застане и треба да се продолжи со постојано унапредување на правата на овие лица и создавање инклузивни услови.

– Затоа треба да се подигне свеста дека пречките сами по себе не го онеспособуваат детето туку тоа е последица на пречките во средината, општеството, ставовите и ги спречуваат децата со попреченост да имаат еднакви можности да учество и целосни права во општество, истакна таа.

Претставникот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Мауро ди Вероли истакна дека со оваа кампања се интензивира соработката со невладините организации на лицата со попреченост за да се промени ставот на луѓето во однос на овие лица.

– Тие треба да сватат дека сите деца со било ксков попреченост имаат свои способности. Да размислат за тоа како да се осмисли општество и средина што ќе биде инклузивна за сите лица, рече тој.

Кампањата е дел од рефионалнио проект „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната иклузија на децата со попреченост од Западен Балкан и Турција, финансиран од ЕУ и кофинансиран од УНИЦЕФ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Апликацијата Сиборд претставува унапредување на инклузијата на децата со попреченост уште од најраната возраст​

А1он

Онлајн услуги за рана интервенција за децата со попреченост и задоцнување во развојот

Ана Ололовска

Избрани тутори за децата со попреченост од прво и второ одделение

Ана Ололовска

МЗМП: Децата со попреченост се во вистински ризик од злоупотреби – да им обезбедиме заштита

Ана Ололовска

Стипендии за 28 ученици со попреченост во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Жарко Настоски

Промоција на прва апликација на македонски јазик за деца со попречен говор

Ана Ололовска