(BИДЕО) Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја става државата на брза трака за развој

Од:

Буџетот за 2025 година, предложен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ е развоен и има за цел да генерира засилен економски раст. Со Буџетот се предвидуваат рекордни 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции. Овде се вклучени проекти како патната инфраструктура за Коридорите 8 и 10д, експресни патишта, железници, изградба на објекти. Ова се капитални инвестиции кои ќе бидат направени од сите министерства и ќе донесат и ќе започнат економска трансформација на државата, изјави Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Додека Владата е насочена кон развој се гледа и од основниот податок за зголемување на буџетските средства во Министерството за транспорт за 69,4% или приближно 7 милијарди денари повеќе. Имено покрај новата потпрограма за инфраструктурни проекти во општините, која изнесува 2,8 милијарди денари, во новиот буџетски план за следната година има зголемување за 3,9 милијарди денари повеќе во потпрограмата Инвестиции во патната инфраструктура и тоа за 95,1% повеќе од буџетскиот документ за 2024 година.

Расходите на Министерството за транспорт се зголемени за 69.4% или за 6.7 милијарди денари и се во вкупен износ од 16.3 милијарди денари. Најголем дел од проектираните расходи се планирани за капиталните проекти кои укажуваат на зголемување од 77.3%. Македонија во 2025 година ќе биде едно големо градилиште на инфраструктура, училишта, болници, градинки и други јавни објекти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја става државата на брза трака напред – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спаси возачот убиец од затвор

А1он

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци во време на СДС наместо затворски добиле пониски казни

За веледрогеријата „Пановски“ изјавите на Лефков се директна закана и клевета, најавуваат правни дејствија

Катерина Ѓуровски

Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за три години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија

(ВИДЕО) Лефков: СДС и Филипче решиле да тонат и да останат заложници на Груби

Лефков: Или ќе се извинат за Артан Груби или СДСМ ќе докажат дека уште го штитат