Бичиклиски: Во Гази Баба нема ниту еден проект од Борче Стефановски

Од:

„Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски како нов кадар за кандидат за градоначалник на Гази Баба го понудија Борче Стефановски кој веќе еднаш беше градоначалник на оваа општина и зад чие работење не може да се запамети ниту еден проект кој го резлизира за Гази Баба“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

Според него, зад работењето на Стефановски со општината Гази Баба се кријат бројни неправилности и злоупотреби утврдени од Државниот завод за ревизија.

„Па така Државниот завод за ревизија утврдил дека од сметката на буџетот на општината со која раководел Стефановски директно се исплатени средства во износ од 2 милиони 942 илјади денари и тоа во целосна спротивност со Законот за буџетите поточно на одредбите од член 4-з од истиот Закон. Директно – без запазување на законските норми биле исплаќани пари за спонзорства, директни трансфери и фактури кои не се докажани.

Понатаму, биле исплатени повеќе илјади денари за набавка на гориво за возила кои воопшто не биле сопственост на Општината, а дополнителни пари се потрошиле за бензин, кој не бил оправдан со фискални сметки. Овластениот ревизор утврдил дека горивото за општински потреби најчесто било набавувано во доцните вечерни часови, надвор од работното време.

Замислете како во вицот за мостот кој што не постои, биле потрошени 276 илјади денари за осветлување на паркинг за кој Државниот завод за ревизија утврдил дека не постои“, рече Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела